ДЕЛЧЕВО
...минато,сегашност,иднина!

Заслуги

Овој блог простор е направен во рамките на програмските активности на Младинскиот културно-Информативен центар на Делчево кој е основан со финансиска помош на АГЕНЦИЈАТА ЗА МЛАДИ И СПОРТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.Сите модули, шаблонскиот изглед, сите графички и видео содржини се направени од страна на волонтери на здружението на граѓани Акција за Малади Делчево од Делчево.

Thursday, November 5, 2009

П О В И К



Агенцијата за млади и спорт ги повикува сите Здруженија на граѓани, чии активности се одвиваат во областа на младите, да земаат активно учество во работилницата на тема ПРОМОЦИЈА НА ПРИОРИТЕТИ НА СЕКТОР МЛАДИ ЗА 2010 ГОДИНА. Работилницата ќе се одржи на 17.11.2009 год( вторник) од 10.30 до 16.00 часот во салата на Градско Собрание. Програмата на Работилницата ќе се одвива во два дела:
-Првиот дел е презентација на приоритетните области за работа на сектор млади при Агенцијата за млади и спорт, како и презентација на Правилникот за работа на комисијата за распределба на средствата за подржување на проекти од областа на младите за 2010 година,

-Вториот дел – прибирање на информации од НВО секторот и Владините институции за веќе имплементираните проекти од приоритетите на Акциониот план за имплементација на Националната стратегија за млади на Република Македонија, подржани и не подржани од страна на Агенцијата за млади и спорт.

Обрасците за пријава за учество се објавени на www.ams.gov.mk. Пополнетите пријави да се достават на следниот е-маил: gordana@ams.gov.mk , најдоцна до 09.11.2009 година.

Friday, October 30, 2009

Мајкрософт го пушти Windows 7, достапен и во Македонија


Производот е лансиран и во Македонија, а раководството на компанијата тврди дека „Windows 7“ ќе им ја олесни работата на компјутер на сите клиенти бидејќи нуди најнови иновации во пребарувањето, едноставност во користењето, мобилност, голема безбедност и голем број други новитети. „Windows 7 е оперативен систем од кој Мајкрософт има големи очекувања, оперативен систем кој треба да го олесни начинот на кој корисниците работат и комуницираат со својот компјутер, оперативен систем кој ќе биде побрз, подоверлив и побезбеден од своите претходници, и оперативен систем којшто ќе има нови начини на интеракција со корисникот, преку една од клучните карактеристики, преку допир“, рече Илијанчо Гаговски, директор на Мајкрософт Македонија.
Она што е од полза на корисниците во Македонија е тоа дека овој оперативен систем рапоти со компјутери кои и не поседуваат особено поголеми ресурси на својата конфигурација, а недостатоците во компатибилностите со поедини алатки на неговиор претходник windows vista се во поголема мера надминати. Цената на овој софтвер во МАкедонија се уште не е прецизирана и не може да се најде во официјална продажба, па така македонските компјутерџии се уште ке почекаат на овој технолошки новитет.

Интернационален ден на редукција на штети од природни катастрофи


Со резолуција бр.44/236 од 22 Декември 1989 год. Генералното собрание на Обединетите нации ја определи втората Среда од месец Октомври за Интернационален ден на редукција за природните катастрофи. Овој меѓународен ден на одбележување требаше да биде ставен под опсервација во рамките на Интернационалната декада за редукција на природните катастрофи 1990-1999. Во 2001 Генералното Собрание одлучи да ја продолжи ваквата практика на одбележување на овој ден со резолуцијата бр. 56/195 од 21 Декември, како сретство за промовирање на глобалната култура за редукција(намалување) на штетите од природните катастрофи, како и нивна превенција и навремено справување.
Повеќе информации можете да добиете во врска со оваа статија тука.

Дисперзирани студии во Крива Паланка



Во рамките на активностите на Владата на Република Македонија, за отварање на дисперзирани студии на факултетите во Македонија, насекаде во државата (Денеска Вторник, 13 Октомври 2009) беа отворени Дисперзираните студии по Информатика во Крива Паланка кои се дел од студиите на Природно математичкиот факултет во Скопје. Премиерот на Владата на Р. Македонија го промовираше ова отварање во Ученичкиот Дом Боро Менков во Крива Паланка. На овие студии запишани се 41 студент од Регионот на Крива Паланка.


Честит 11 Октомври Македонци - каде и да сте


Пред 68 години македонскиот народ се крена на востание против светскиот терор и ропство. Рамо до рамо со останатите светски слободољубиви народи, ја изрази својата желба за слобода и самоопределување. Во рамките на партизанското движење а потпомогнати од американски и англиски сојузнички трупи, македонските борци влегоа во широк фронт, на сеопшто востание.


Првите партизански акции започнаа во Прилеп (на 11 Октомври) со напад на прилепскиот партизански одред на полицискиот участок на Бугарската окупаторска власт во Прилеп. Ден потоа (на 12 Октомври) беше спроведена акција во Куманово од страна на Кумановскиот партизански одред. Ова беа два факели на слободата во мракот нанесен од тиранијата на фашистичките окупаторски војски во Македонија. Македонскиот народ уште еднаш ја истакна својата решеност, и на страната на вистинските сојузници по долгогодишна битка и мнеогубројни жртви, знајни и незнајни се избори со целосно сопстевени сили за својата сопстевена слобода и иднина. Македонскиот народ се потпре врз сопствени сили и традиции во ослободувањето на Македонија и создавањето народна македонска ослободителна војска, која токму по 11октомври почна еден несопирлив процес на масовно вклучување на сите граѓани во сеопшто вооружено востание. Ниту масовните апсења и егзекуции, што уследија како одговор, не го поколебаа духот на народот кој беше подготвен на жртви за да ја оствари сопствената слобода.Да се празнува овој ден е огромна чест, задоволство и гордост за секој македонец, но и голема обврска за сите минати, денешни и идни генерации не само за одбрана на Македонската држава туку и нејзино надградување, унапредување безрезервно истакнување, со обезбедување на добродет за сите нејзини граѓани. Ако 11-ти Октомври 1941 год. е продолжување на континуитето на оружената борба за ослободување на Македонскиот народ, по Карпошовото, Разловечкото, Кресненското и Илинденското востание, заедно со борбите и жртвите паднати во екот на Балканските и Првата светска војна, нека 11 Октомври 2009 год. биде ден за почит за се она што е направено на браникот на Македонската држава но и ден за соочување на предизвикот наречен иднина во очите на Евро-атланските интегративни процеси кон кои МАкедонија решително чекори.

Општина Делчево се вклучи активно во празнувањето на овој голем празник за своите граѓани, со редица на активности. Во сабота 09.010.2009 год. беше организиран ревијален пријателски натпревар помеѓу ФК Брегалница- Делчево и ФК Вардар, кој го добија гостите со резултат 2:1. Беше вистински празник да се присуствува на овој натпревар каде одамна во Делчево не се беше видено толку посетеност на трибините на стадионот. Младите но и постарите граѓани на Општината ја демонстрираа својата љубов кон спортот и спортските манифестации, кои наголемо недостигаат во градот од поодамна. Оваа идеја за реализација од страна на Градоначалникот на Општина Делчево, г-дин Горан Малешевски се покажа наполно оправдана и успешна и се надеваме дека ке продолжи ваквиот тренд на помагање и стимулирање на спортскиот, културниот и рекреативниот живот во Делчево.
Делчево го заслужува тоа, граѓаните исто така...
Честит нека ни е 11-ти Октомври !!!
Вечна нека е Македонија !!!
Да живее Македонскиот народ !!!
Господ да ја благослови Македонија.

Трибина на Оделението за Локален економски развој на Општина Делчево


Оделението за Локален Економски Развој на Општина Делчево, во соработка на Министерството за Економија на Република Македонија, ја спроведе најавената трибина за анализирање на економските параметри и потребите на приватното стопанство на Општина Делчево.

Голачки фолклорни средби


На планината Голак во прекрасен природен амбиент се одржаа 15-те по ред Голачки фолклорни средби, во организација на Локалната самоуправа на Општина Делчево и Центарот за култура Никола Јонков Вапцаров од Делчево. Градоначалникот г-дин Горан Малешевски

Saturday, July 25, 2009

Трибина: Вистинското лице на пороците










Во организација на ЗГ Акција за Млади Делчево, а во соработка со Здравниот Дом Гоце Делчев, Подрачната единица на МВР во Делчево, Општина Делчево, Унија на Независни и Автономни Синдикати на Република Македонија-Организација на Жени при УНАСМ и Центарот за Култура Никола Јонков Вапцаров во Делчево, се одржа трибина со наслов "Вистинското лице на пороците". Трибината беше со информативно-едукативен карактер. Премиерно беше емитуван спотот на кампањата АЛАРМ-ПОРОЦИ во чии рамки Младинскиот Културно-Информативен Центар на Делчево ја спроведува со финансиска помош на Агенцијата за Млади и Спорт на Република Македонија.
Трибината продолжи со читање на писмо-исповед на еден наркоман во една од клиниките во Скопје, по преживеаната апстиненцијална криза. Понатаму продолжи со Презентацијате на оваа тема подготвена од членовите на ЗГ Акција за Млади Делчево, Д-р Соња Мавродиева, инспектор Миле Стоиловски, психолог Мика Илиева и претседателката на Организацијата на Жени при УНАСМ Дивна Змејковска. Посетата и одзивот кај граѓаните на Општина Делчево на оваа трибина беше недоволен со оглед на актуелноста на оваа тема во Делчево. секако за поздравување е фактот што на трибината присуствуваше градоначалникот на Општина Делчево г-дин Горан Малешевски кој секогаш манифестира спремност за развој на ваквите дебати кои задирнуваат длабоко во општественото живеење на граѓаните на Општина Делчево. Впрочем негова декларирана и програмски јасна определба е токму решавањето на проблемите со кои се соочуваат младите од Делчево, во нивното секојдневие. Погледни Промотивен спот на Youtube.


Sunday, July 19, 2009

Jessica Alba во Денс издание

Сабота вечер -Party time (на делчевски начин)
Беше прекрасно да се види како младите од Делчево уживаат во денс ритамот на современата американска поп култура. Особено ако се истакне фактот што филмот Honey беше пуштен да тече без македонски превод. На прашање дали им пречи тоа на посетителите сите одговараа дека нема потреба од превод, бидејки филмот комуницира на едно друго ниво би се рекло со извесна доза на примитивен говор на телото начин. Целта секако се постигна. Пред филмот да биде пуштен се емитуваа hip-hop и R n' B спотчиња. Се на се Добар провод за младите кои се иритирани од " кафанскиот начин на перење на мозоци"што се случува во Делчево. Сепак Музиката од околните "кафани" особено онаа од рентаните простории во Центарот за култура Н.Ј. Вапцаров "бодеше" во уво со сета своја кич жестина и постојано беше појачувана повторно и повторно, на што наиде на презир од љубителите на добриот филм.
"kafana is dead; long live the rock n' roll"

Saturday, July 18, 2009

Bruce Lee forever

Петок навечер во Делчево и не е некој ден за прикажување на филм (особено не некој стар од пред илјада и некоја), НО!!!
Брус Ли-идентитет кој сеуште трае, и не само тоа -блеска, на филмското платно понуди една прекрасна вечер на оние кои присуствуваа на Видео проекцијата на " Во змејовото грездо". се уште проткајува духот на оваа извонредна личност од сега би сакал да истакнам светската поп култура. Да, така е Поп култура. една ориентална филозофија и енергична појава на ќовекот кој се остави себеси на филмското платно, како симбол и олицетворение на идните генерации за се она што се нарекува "живеење на животот во вистинска смисла на зборот". Филмот сам по себе требаше да биде билет за влез на американскиот кино пазар. Наместо тоа Брус Ли влезе на голема врата и тоа онаму каде остави најголем впечаток: во срцето на оние кои засекогаш ке се секаваат на него-младите генерации, независно од која раса, националност и припадност се: Луѓе.
П.С. И не заборавајте " Бидете како водата Мои Пријатели".

ДА СЕ ПОТРУДИМЕ ДЕЛЧЕВО ДА ГО ДОБИЕ ОНА ШТО МУ СЛЕДУВА
...напредок, визија, иднина!

здружение на граѓани АКЦИЈА ЗА МЛАДИ ДЕЛЧЕВО

Часовни зони

Делчево Денес
HTML код на: ULTIMATE-DESIGN Delcevo

Календар

HTML код на: ULTIMATE-DESIGN Delcevo

Колку ви се допаѓа изгледот на нашиов блог

Колку сте запознаени со работата на НВО секторот во Делчево?

Дали младите имаат перспектива во Делчево?

Добредојдовте!!!

HTML код на: ULTIMATE-DESIGN Delcevo

Подвижен часовник

HTML код на: ULTIMATE-DESIGN Delcevo

ONLINE посетители

Вкупно посетители

Website counter

Преведи сајт

Најава на настани

Ден на дрвото во Македонија" по четврти пат .На територијата на цела Македонија во петокот, 13-ти ноември (хммм... чудно совпаѓање) ке се спроведе граѓанската иницијатива Ден на дрвото - засади ја својата иднина по четврти пат. Овој ден од страна на властите во државата е прогласен за неработен, така сите вработени во јавната администрација непречено ке можат да ја покажат својата граѓанска определба и да засадат дрвца. Метеоролозите за овој ден предвидуваат поволни климатски услови и разветрување на времето. Во оваа четврта по ред акција за озеленување на Македонија ќе се засадат 7,5 милиони дрвца.

Најава на настани

На 3 (третти) Ноември во 12.00 часот во Конференциската сала на Центарот за култура Никола Јонков Вапцаров во Делчево ке се одржи информативен ден за програмата за Доживотно учење , кој го спроведува Националната Агенција за Европски образовни програми и мобилност.Се покануваат сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на овој состанок.

Општи податоци за Делчево

Во најисточниот дел на Р.Македонија, по горниот тек на реката Брегалница, помеѓу планинитеголак и Влаина е распространета Делчевската општина..Поголемиот дел од населените места се наоѓаат во Пијанечката Котлина, а помал број по разграноците на Осоговската Планина. Високата планинска котлина Пијанец, се наоѓа на надморска височина од 576-650 m- се простира во должина на околу 15 km а во широчина 4-5 km. На север и североисток, од коритото на Брегалница, котлината се издига со благи ридови што претставуваат врска помешу Осоговските и Малешевските планини и вододелницата на реките Струма и Вардар. Од југ, котлината е заградена со ридот Бејас Тепе, од југозапад со планината Голак. На север во должина од 30 km постепено се издигаат голите ридчести падини на југоисточните делови на планината Осогово. Овој дел го носи името Осоговија. Преку Долините на реките Брегалница и Желевица, Пијанец на југ е поврзан со повисоката Малешевска Котлина, а на запад по долината на Брегалница со многу пониското Кочанско Поле. На исток Преку планинскиот пресек Арнаутски Гроб, Пијанец е поврзана со Благоевградската Котлина во Пиринска Македонија. На југ се граничи со со општините Пехчево и Берово, на запад со општината Виница, на северо – запад со општината Македонска Каменица, а на исток и северо исток со Република Бугарија. Опкружена е со Планините Голак (на запад), Влаина (на Исток) Осоговските планини (на Севе р) и Малешевските Планини (на Југ). Општината Делчево до 1996 година зафаќаше површина од 589 km² или 2,3 % од територијата на државата. Со новата територијална поделба на Република Македонија, од општина Делчево е издвоена општината Македонска Каменица, така што таа денес зафаќа територија од 423 km² . Покрај општинскиот центар Делчево, во општината има и 21 селска населба. По големина на територија и број на население, општината се вбројува во помалите општина во Република Македонија.
Според податоците од последниот попис во 1994 година и во согласност со промените настанати со новата територијална поделба на Република Македонија, вкупниот број на население во општина Делчево изнесува 17.505, жители од кои 11.305 или 59, 5 % се градско (живеат во општинскиот центар градот Делчево) и останатите 40,5 % селско население кои живеат во руралните места. Густината на населеност во општината изнесува 42 жители на 1 km² и е за 1,8 пати помала од просечната густина во Република Македонија. Природниот прираст на населението во општина Делчево во 1998 година изнесувал 0,8 и е далеку понизок од просекот во Република Македонија, кој изнесувал 6,2. Според податоците од пописот, во националната структура на населението на општината доминира македонското население со учество од 96,4 %. Националната, старосната и половата структура на населението се прикажани во следната табела: Исто така е утврдено дека просечниот број на жители по домаќинство на ниво на општината изнесува 3,52 при што 3, 55 членови по домаќинство во градот и 3,48 членови по домаќинство во руралните средини. Резлутатите од следењето на демографската состојба во општината укажуваат дека 9 селски населби ( Ветрен, Вратисловци, Илиово, Киселица, Косово Дабје, Нов Истевник, Очипала, Селник и Стар Истевник ) со вкупно население од 1.102 жители, или 15,4 % од селското население немаат перспектива и се осудени на бавно биолошко изумирање, 6 селски населби ( Бигла, Вирче, Град, Драмче, Тработивиште и Чифлик ) со вкупно население од 2.698 жители, или 37,6% од селското население, можат да се одржат доколку благовремено се помогне нивниот стопански развој, а во 5 селски населби ( Габраво, Звегор, Разловци, Стамер и Турија) со вкупно население од 3.256 жители, или 45,4% од селското население, преовладува работоспособното население и населението од возрасни групи до 17 годин, што овозможува сигурен опстанок и развој на овие рурални населби во наредниотпериод.Во општината е регистрирано постоење на дневна миграција село - град , односно секојдневно доаѓање во Делчево на 300 до 400 вработени лица кои живеат во руралните населби на општината. Од анализа на структура на населението е утврдено дека учеството на работоспособнто население и младото население е повисоко во градот во однос на руралните средини. Просечното учество на младата популација на ниво на општината од 27,6% упатува на поволни можности што ги нудат човечките ресурси, како фактор за остварување на идниот економски развој. Согласно планските предвидувања, населението во градот ќе се зголеми во 2010 година, во однос на 1994 година за 13,7 % , а во 2020 година за 29,8 % . Порастот на руралното население ќе биде со побавно темпо и за претходно наведените реперни години зголемувањето ќе изнесува 11,5 % односно 15,7% соодветно.

ULTIMATE-DESIGN Delcevo HTML кодови

Поважни линкови

Овој JavaScripts код е креиран
од ULTIMATE-DESIGN Delcevo